ПРВ.мк
Свет

Нова тензија меѓу САД и Кина – Трамп постави јасна црвена линија

Нова тензија меѓу САД и Кина – Трамп постави јасна црвена линија

Американскиот претседател Доналд Трамп најави можни драстични економски мерки против Кина, доколку Пекинг се вклучи со воена поддршка за Иран во актуелниот конфликт на Блискиот Исток.

Во изјава за „Фокс њуз“, Трамп порача дека САД внимателно ја следат ситуацијата и дека евентуалната вмешаност на Кина нема да помине без последици. Според него, во таков случај би биле воведени царини од дури 50 проценти за кинеските производи.

Оваа порака доаѓа во чувствителен момент, кога глобалните односи се веќе затегнати, а секој нов потег може дополнително да ја продлабочи кризата. Односите меѓу двете најголеми светски економии повторно влегуваат во фаза на неизвесност, со потенцијал за нова трговска ескалација.

Во меѓувреме, се очекува Трамп да отпатува во Пекинг во средината на мај, каде треба да се сретне со кинескиот претседател Си Џинпинг. Средбата би можела да биде клучна за насоката во која ќе се движат односите меѓу двете земји во наредниот период.