ПРВ.мк
Свет

НЕОЧЕКУВАН ПОТЕГ: Девет полицајци осудени на смрт за брутално претепување на татко и син!

НЕОЧЕКУВАН ПОТЕГ: Девет полицајци осудени на смрт за брутално претепување на татко и син!

Девет полицајци во Индија се осудени на смртна казна поради смртта на татко и син додека биле во притвор во 2020 година. Судот утврдил дека, откако биле приведени, двајцата биле соблечени и брутално претепани, што се оценува како очигледна злоупотреба на службената должност со намера да им се одземе живот.

Полицајците претходно биле прогласени за виновни за убиство, а судот нагласил дека нема место за поблаги казни, иако обвинетите имаат право на жалба.

Случајот предизвика огромна јавна реакција во Индија, со оглед на суровоста на дејствата и недозволивото однесување на полицијата.