ПРВ.мк
Македонија

Кој град во Македонија води по број на пријави за семејно насилство?

Кој град во Македонија води по број на пријави за семејно насилство?

Расте бројот на пријави за семејно насилство до полицијата, а од дневните билтени на Министерството за внатрешни работи може да се забележи дека Тетово засега е „лидер“ во ваквите случаи. Жртви најчесто се партнерки, но и родители, браќа и сестри.

Еве дел од пријавите од почетокот на месец април:

  • На 05.04.2026 во 13:30 часот во Тетово, О.С. (47) лишен од слобода по пријава од неговиот 76-годишен татко дека подолг период вршел семејно насилство. Кај него биле измерени 2,14 промили алкохол.
  • На 05.04.2026 во 15:30 часот во гостиварско село, Р.А. (27) лишен од слобода по пријава од поранешна партнерка за сериозни закани кон нејзиното семејство.
  • На 05.04.2026 во 15:40 часот во Тетово, 30-годишен маж пријавил дека бил физички нападнат од својот брат Р.З. (26).
  • На 05.04.2026 во 19:40 часот, Џ.М. (49) од Брвеница лишен од слобода по пријава од сопругата за закани по животот.
  • На 06.04.2026 околу 01:30 часот, Ќ.Б. (26) лишен од слобода по пријава од сестра за физички напад; кај него пронајдена марихуана.
  • На 03.04.2026, 31-годишна жена пријавила физички напад од сопругот И.М.(31), кој бил лишен од слобода.
  • На 03.04.2026, 23-годишна жена пријавила психичко и физичко вознемирување од невенчаниот сопруг Ф.Р.(23), веднаш лишен од слобода.

Сите сторители ќе бидат соодветно пријавени и ќе следува понатамошна постапка од полицијата.