ПРВ.мк
Свет

НАТО ја активира „Арктик Сентри“: Нова воена иницијатива за заштита на Гренланд и Арктикот!

НАТО ја активира „Арктик Сентри“: Нова воена иницијатива за заштита на Гренланд и Арктикот!
Kristal

НАТО започна нова воена иницијатива наречена „Арктик Сентри“, насочена кон зајакнување на безбедноста во Арктикот и на Далечниот Север, еден месец по заканите на американскиот претседател Доналд Трамп за анексија на Гренланд.

Иницијативата ќе служи како рамка за национални воени вежби во регионот, вклучувајќи ги данската „Арктик Ендуранс“ и норвешките маневри „Студен одговор“, без да подразбира долгорочно распоредување на трупи под знамето на НАТО.

Целта е да се спротивстави на растечкото руско и кинеско влијание и да се заштитат териториите на сојузниците. Британија ќе го удвои бројот на војници во Норвешка, а Франција и Германија најавија учество.

Врховниот командант на НАТО во Европа, Алексус Гринкевич, истакна дека иницијативата ја потврдува посветеноста на алијансата за стабилност и безбедност во еден стратешки и еколошки чувствителен регион.

Европските сојузници се надеваат дека „Арктик Сентри“ ќе овозможи да се смири спорот околу Гренланд и да се фокусира на вистинските безбедносни приоритети, како војната на Русија против Украина.

FixCredit
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo