ПРВ.мк
Свет

Најтешкиот предизвик за Трамп: Одлуката која ќе ја запамети светот - што ќе следи?

Најтешкиот предизвик за Трамп: Одлуката која ќе ја запамети светот - што ќе следи?
Kristal

Американскиот претседател Доналд Трамп на редовни состаноци со воениот врв во Белата куќа разгледува различни опции за воената кампања против Иран, вклучувајќи и можност за испраќање копнени сили, но конечна одлука сè уште не е донесена, известува CNN.

Иако Трамп јавно изјави дека „не планира да испрати војска“, притисокот врз него расте како што конфликтот влегува во четвртата недела, особено поради економските последици и блокадата на Ормускиот теснец. Дел од републиканците инсистираат на јасна стратегија за завршување на конфликтот, предупредувајќи дека евентуалното испраќање копнени сили би било „црвена линија“.

Во моментов, САД и Израел имаат постигнато значителни воени резултати, уништувајќи дел од иранските ракетни и поморски капацитети, но главната цел – запирање на иранската нуклеарна програма – сè уште не е остварена.

Истовремено, се појавуваат разлики меѓу Вашингтон и Тел Авив околу стратегиските цели, а некои сојузници на Трамп предлагаат да се прогласи победа за да се избегне понатамошна ескалација.

Американската администрација не исклучува ниту една опција, додека во регионот веќе се испраќаат дополнителни воени сили, што покажува дека сите сценарија за развој на ситуацијата остануваат отворени.

SWM
Pharmanova
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo