Во градот Манама, Бахреин, неколку станбени згради биле погодени во експлозии, потврдија властите. На терен се екипи за цивилна заштита кои спроведуваат операции за гаснење пожари и спасување на погодените лица.
На видеа кои се шират на социјалните мрежи се гледа експлозија во облакодер лоциран во близина на седиштето на 5-та флота на американската морнарица.
Ситуацијата останува критична, а властите апелираат до граѓаните да се воздржат од ненадлежно приближување кон погодените локации.


















