ПРВ.мк
Свет

(ФОТО) Двајца Англичани добија затвор за уништување на легендарно дрво на Робин Худ

(ФОТО) Двајца Англичани добија затвор за уништување на легендарно дрво на Робин Худ
Escape

Двајца мажи од Англија се осудени на четири години затвор поради намерно сечење на „Sycamore Gap“, историско дрво што е дел од природното и културното наследство на Велика Британија. Овој јavor, стар речиси два века, се наоѓаше во долина покрај Хадријановиот ѕид и беше популарна туристичка атракција, позната и по појавувањето во филмската приказна за Робин Худ.

Во септември 2023 година, Даниел Греам и Адам Карутерс со моторна пила го исекоа дрвото, а целото дејство го снимиле и подоцна го нарекле „мисија на морони“. Тие, исто така, оштетиле дел од древниот римски ѕид, што е под заштита на УНЕСКО како светско наследство.

Судската одлука со строга казна укажува на важноста од заштитата на природните и културни споменици и ги предупредува сите кои би помислиле да направат слични дела.

Ask ChatGPT

Mia Home Mavrovo