ПРВ.мк
Свет

Трамп го потпиша договорот што светот го чекал 3.000 години

Трамп го потпиша договорот што светот го чекал 3.000 години

Доналд Трамп повторно го сврте вниманието на светот откако во Египет го потпиша историскиот документ за примирје во Газа, нарекувајќи го „момент што човештвото го чекало цели 3.000 години“.

По посетата на Израел, Трамп пристигна во Шарм ел Шеик, каде се одржа меѓународен мировен самит со присуство на десетици светски лидери. Со САД како еден од клучните посредници, заедно со Египет, Катар и Турција, конечно беше постигнат прекин на огнот меѓу Израел и Газа.

„Овојпат ќе опстане. Потпишавме сеопфатен документ со јасни правила и прописи. Сите се среќни. Ова е најголемиот договор во мојот живот“, изјави Трамп, додавајќи дека со овој потег светот избегнал нова светска војна.

Претходно, Хамас ги ослободи сите 20 живи заложници и телата на четворица починати, додека Израел ослободи речиси 2.000 палестински затвореници.

„Цивилите се враќаат дома, семејствата се обединуваат, а обновата на Газа почнува. Ова е ден што ќе остане запаметен во историјата“, рече Трамп.

На самитот присуствуваа и Макрон, Мерц, Мелони, Абас, Ердоган, Мицотакис и други светски лидери. Нетанјаху бил поканет во последен момент, но неговото присуство било откажано по противење од страна на Ердоган.

Escape