ПРВ.мк
Свет

Трамп му забрани на Израел да напаѓа, Европа му сврте грб на Вашингтон, а Нетанјаху испрати застрашувачка порака!

Трамп му забрани на Израел да напаѓа, Европа му сврте грб на Вашингтон, а Нетанјаху испрати застрашувачка порака!

Војната што го тресе светот веќе 47 дена добива неверојатен пресврт! Додека светот со страв гледа кон Блискиот Исток, американскиот претседател Доналд Трамп со серија шокантни објави ја затресе планетата. Тој официјално соопшти дека Израел и Либан потпишале десетдневен прекин на огнот, но пораката до Тел Авив беше брутална: „САД ви ЗАБРАНИЈА да бомбардирате! Доста беше!“

Но, додека Трамп прогласува „одличен ден за светот“ и тврди дека Иран ветил оти никогаш повеќе нема да го затвори стратешкиот Ормуски теснец, зад кулисите врие. Либанската војска веќе обвинува дека израелските сили го кршат примирјето, додека Бенјамин Нетанјаху испрати застрашувачка порака: „Уште не сме завршили со Хезболах!“

Додека големите сили војуваат, една држава со помалку од милион жители стана најголемиот профитер и буквално „плива“ во милијарди додека глобалниот хаос расте. Во исто време, во Европа владее паника – се вежбаат тајни операции за снабдување бидејќи рафтовите во продавниците се празнат поради недостиг на храна!

Најголемиот удар за Белата куќа доаѓа од сојузниците. Францускиот претседател Макрон и британскиот премиер Стармер свикаа итна конференција за поморската безбедност, на која се поканети сите, па дури и Кина, но не и Америка! Трамп не остана должен и го понижи НАТО, нарекувајќи ги „хартиен тигар“ и порачувајќи им да се држат настрана.

Ситуацијата се менува од минута во минута. Дали овој договор е само затишје пред уште пострашна бура или почеток на крајот на хаосот? Следете нè, бидејќи ваквите вести го менуваат светот засекогаш!

Најнови вести