Додека светот со неверување ги брои деновите од почетокот на крвавиот конфликт, Доналд Трамп ја фрли најскапата карта на масата. Американскиот претседател, во својот препознатлив стил, порача дека „слободата чини“, а цената што ја испорача Пентагон е фрапантна: 200 милијарди долари за само неколку недели војување!
Трошоците за инвазијата врз Иран растат со брзина на светлината. Само во првата недела од конфликтот, американскиот буџет „изгоре“ над 11 милијарди долари. Сега, Трамп бара енормна инјекција од Конгресот за да го забрза производството на најсмртоносното оружје и да ги подготви трупите за тотален напад. Според извештаите на Ројтерс, ова е сума која ги надминува сите претходни воени прогнози и може да ја доведе американската економија до раб на колапс.
Барањето на Трамп предизвика вистинска војна во Капитол Хил. Демократите се згрозени и најавуваат жестока блокада, тврдејќи дека овие пари се „фрлање во бунар“ додека јавната поддршка за војната кај американските граѓани е на историско најниско ниво. Дури и меѓу републиканците владее скептицизам – никој не е сигурен дали Америка може да си дозволи уште една бесконечна војна на Блискиот Исток со ваква цена.
Дали Трамп ќе успее да ги „извлече“ овие милијарди или ова ќе биде неговиот најголем политички пораз? Додека воените лобисти тријат раце од профитот што ги чека, светот со страв гледа во празните каси и наполнетите ракетни системи. Едно е сигурно: ако овие пари бидат одобрени, војната во Иран влегува во фаза од која нема враќање.


















