ПРВ.мк
Македонија

Стопирана нова дивоградба во Буринарец, наложено отстранување во рок од 7 дена

Стопирана нова дивоградба во Буринарец, наложено отстранување во рок од 7 дена
Kristal

Градежната инспекција на Општина Бутел денес интервенираше и ја стопираше изградбата на бесправно започнат објект во населеното место Буринарец.

Како што информираат од општината, инспекциските служби изготвиле решение со кое на сопствениците им се наложува во рок од седум дена да го отстранат објектот. Доколку објектот не биде отстранет во предвидениот рок, ќе следува уривање од страна на Општина Бутел, а против сопствениците ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

Од Општина Бутел упатуваат апел до граѓаните да не започнуваат градба без одобрение, нагласувајќи дека нема да има толеранција за бесправна градба и дека законот ќе се применува подеднакво за сите.

Општината најавува дека контролите ќе продолжат и во наредниот период, со цел спречување на дивоградбите и заштита на јавниот интерес.

SWM
Pharmanova
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo