ПРВ.мк
Свет

ЗЕЛЕНСКИ „ГРМЕШЕ“ ВО БРИСЕЛ: Дали Европа ја препушта Украина на судбината за 90 милијарди евра?

ЗЕЛЕНСКИ „ГРМЕШЕ“ ВО БРИСЕЛ: Дали Европа ја препушта Украина на судбината за 90 милијарди евра?
Kristal

Во досега најдраматичниот говор пред лидерите на ЕУ, украинскиот претседател Володимир Зеленски упати директни критики поради блокирањето на клучната финансиска помош и 20-тиот пакет санкции против Русија. Додека војната на Блискиот Исток ги крева цените на енергенсите и му дава „ветер во грб“ на Путин, Зеленски предупреди дека Европа веќе трет месец не ги исполнува своите ветувања.

„Не знаеме дали поддршката воопшто ќе биде деблокирана“, истакна разочараниот Зеленски, нагласувајќи дека ветените 90 милијарди евра не се само бројка, туку ресурс за опстанок. Тој побара и фиксен датум за влез во Унијата, како единствен начин да се спречат руските обиди за дестабилизација. Но, реалноста во Брисел е сурова – единството на ЕУ е сериозно разнишано.

Главните „кочничари“, Унгарија и Словачка, одбија да ги потпишат новите заклучоци. Виктор Орбан беше дециден: помош за Киев ќе има дури откако Украина ќе ја деблокира руската нафта наменета за Унгарија. Иако 25 земји-членки ја потврдија поддршката, дефинитивна одлука за парите нема, а исплатите, во најдобар случај, би започнале дури во април. Дали овој внатрешен раздор во ЕУ е токму она што Русија го чекаше за да прогласи победа?

SWM
Pharmanova
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo