ПРВ.мк
Свет

ПАТНИЦИТЕ ВО ШОК: Авиокомпаниите ги зголемуваат цените на билетите - ова е причината!

ПАТНИЦИТЕ ВО ШОК: Авиокомпаниите ги зголемуваат цените на билетите - ова е причината!
Kristal

Австралиската Qantas Airways, скандинавската SAS и Air New Zealand најавија значително зголемување на цените на авионските билети, објаснувајќи дека причината е наглиот раст на цените на млазното гориво поради конфликтот на Блискиот Исток.

Цената на горивото, која пред американско-израелските напади врз Иран се движела околу 85–90 долари по барел, сега достигнува меѓу 150 и 200 долари по барел, соопшти новозеландскиот национален превозник. Поради неизвесноста околу конфликтот, компанијата ја суспендирала и финансиската прогноза за 2026 година.

Конфликтот доведе до нарушување на пловидбата низ Ормускиот теснец, една од клучните светски рути за извоз на нафта, што предизвика раст на цените на горивото и глобални ограничувања во воздушниот сообраќај. Последиците се чувствуваат на сите континенти, а некои авиокомпании предупредуваат дека бројот на патувања би можел да се намали.

SAS наведува дека привремено ги прилагодила цените за да обезбеди стабилни и сигурни операции. Истовремено, Lufthansa и Ryanair се заштитиле со купување дел од горивото по фиксни цени, додека Finnair обезбедила повеќе од 80% од потребното гориво за првиот квартал, предупредувајќи дека евентуален продолжен конфликт може да го загрози снабдувањето.

Qantas, покрај зголемувањето на цените на меѓународните летови, размислува и за пренасочување на капацитетите кон Европа, каде што цените на билетите веќе пораснаа поради затворен дел од воздушниот простор и ограничените капацитети.

Air New Zealand ги зголеми цените на економската класа: 10 новозеландски долари за домашни летови, 20 долари за кратки меѓународни и 90 долари за долги линии, со можност за дополнителни корекции доколку цената на горивото продолжи да расте.

Горивото е вториот најголем трошок за авиокомпаниите по трошоците за работна сила, сочинувајќи обично 20–25% од оперативните трошоци. Намаленото користење на воздушниот простор, како што се избегнувањето на руските коридори поради војната во Украина и новите тензии на Блискиот Исток, дополнително ги комплицира летовите меѓу Европа и Азија.

SWM
Pharmanova
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo