Велешкиот ракометар Филип Николов од вториот дел од сезоната ќе ја носи дресот на Алкалоид, екипата предводена од македонскиот селектор Кирил Лазаров. Николов, кој претходно блескаше во редовите на Бутел, се наметна како еден од најопасните стрелци во лигата.
Со 100 гола на 17 натпревари, Николов е четврти најдобар стрелец во домашното првенство и дефинитивно е ракометар на кој треба да се обрне внимание. Иако нема да настапи официјално на Европското првенство 2026, тој останува на располагање на националниот тим за секоја итна потреба, а своето репрезентативно деби го имаше против Јапонија.
Ракометниот пат на Николов започна во велешкиот Борец, а пред Бутел играше и за Охрид. Со својата моментална форма и импресивни бројки, тој станува вистинска ѕвезда на домашната сцена и новото засилување кое Алкалоид со сигурност ќе го искористи максимално.

















