ПРВ.мк
Македонија

(ВИДЕО) РОБОТИ–СООБРАЌАЈЦИ ЈА ПРЕЗЕМААТ УЛИЦАТА: Секој прекршок е фатен за секунда, нема бегање

(ВИДЕО) РОБОТИ–СООБРАЌАЈЦИ ЈА ПРЕЗЕМААТ УЛИЦАТА: Секој прекршок е фатен за секунда, нема бегање
Kristal

Она што до неодамна звучеше како сцена од научнофантастичен филм, сега е реалност. Во кинескиот мегаполис Вуху, властите пуштија во употреба хуманоиден робот–сообраќаец кој самостојно се движи низ улиците и будно го следи секој учесник во сообраќајот.

Роботот е поставен на една од најфреквентните урбани зони во град со над 3,5 милиони жители и има јасна задача – ред, контрола и нула толеранција за прекршоци. Опремен со вештачка интелигенција, камери со висока резолуција и LiDAR технологија, тој во реално време го „скенира“ просторот околу себе и ги анализира движењата на возила, пешаци и велосипедисти.

Она што ја шокираше јавноста е прецизноста. За дел од секундата, системот препознава дали возачите носат сигурносен појас, дали користат мобилен телефон, дали поминуваат на црвено или не застануваат на пешачки премин. Истото важи и за пешаците и велосипедистите – секое минување на црвено или во погрешна насока се евидентира.

Роботот не е само „набљудувач“. Тој дава визуелни и звучни сигнали, интервенира во ризични ситуации и собира огромна количина податоци за однесувањето во сообраќајот.

ПОГЛЕДНИ ВИДЕО

Прашањето што сè почесто се поставува е: дали ваква технологија е иднината и за сообраќајот во Македонија?

FixCredit
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo