ПРВ.мк
Свет

ШОК ОД ЕВРОПА: Луфтханза ненадејно ги стопира сите летови кон Израел

ШОК ОД ЕВРОПА: Луфтханза ненадејно ги стопира сите летови кон Израел
Kristal

ерманскиот авиопревозник „Луфтханза“ донесе итна одлука целосно да ги суспендира летовите кон и од Израел, а на своите вработени им наложил да се подготват за напуштање на земјата, објавија израелските медиуми.

Според информациите на Канал 12, мерката стапува на сила од утре, со што се прекинува една од најфреквентните авио-релации меѓу Израел и Европа. Засега нема официјално соопштение од компанијата за причините за ваквиот потег, што дополнително ја зголемува неизвесноста и шпекулациите.

„Луфтханза“ досега реализираше секојдневни летови од аеродромот „Бен Гурион“ кај Тел Авив, поврзувајќи го Израел со клучни европски центри. Суспензијата на летовите може да предизвика сериозни последици за патниците, бизнисите и туристичкиот сообраќај во регионот.

Повеќе детали се очекуваат во наредните часови.

FixCredit
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo