ПРВ.мк
Спорт

Поранешен играч на Барселона во болница: Куче го каснало за гениталиите при шетање

Поранешен играч на Барселона во болница: Куче го каснало за гениталиите при шетање
Escape

Карлес Перез, фудбалерот кој своевремено настапуваше за Барселона, е хоспитализиран по шокантен инцидент во Солун, откако беше каснат од куче за гениталиите додека се обидувал да го заштити својот миленик.

27-годишниот играч на Арис бил во прошетка кога неговото куче било нападнато од скитничко животно. Во обид да ги раздели, тој бил каснат во пределот на препоните и веднаш бил префрлен во болница.

Медицинскиот персонал го стабилизирал, но неговата состојба сѐ уште се води како сериозна. Докторите размислуваат за хируршка интервенција поради сериозноста на повредата.

Карлес Перез беше еден од талентите што потекнаа од младинската школа на Барселона. За првиот тим настапи во сезоната 2019/2020, а подоцна играше за Рома, Селта и Хетафе. Во моментов е позајмен играч во Арис, клубот кој оваа сезона се бори во врвот на грчкото првенство.

Mia Home Mavrovo