На 05.04.2026 со почеток во 10:00 часот, во организација на Сојузот на спортови на Скопје, ќе се одржи улична трка со старт и цел кај фонтаната Лотус на бул. „Илинден“. Трасата се движи право по бул. „Илинден“ до крстосницата со бул. „8-ми Септември“, каде што тркачите вртуваат полукружно назад кон фонтаната Лотус.
Поради настанот, Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе воведе посебен режим, а сообраќајот ќе се пренасочува по околните улици.
МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите на полициските службеници и да користат алтернативни рути за да се избегнат гужви.









