По повод големиот јубилеј на ЈОУДГ „11 Октомври“, заедно со дечињата од градинката во Бутел 1 засадивме 70 дрвца, под мотото: „Садиме за иднината – 70 дрвца за 70 години јубилеј“.

Акцијата се реализираше во сите клонови на градинката, со цел да донесе радост на сите деца и да остави трајна придобивка за идните генерации. Заштитата на животната средина е наш највисок приоритет, и како локална самоуправа ќе продолжиме со активности за создавање чиста и зелена околина во сите населени места.





















