Надлежните информираат дека утре, 11 март, ќе има привремени прекини на електричната енергија во неколку скопски општини:
- Општина Карпош: од 08:30 до 12:00 часот, без струја ќе останат корисниците на булевар „Партизански одреди“ бр. 125-2.
- Општина Ѓорче Петров: од 09:00 до 13:00 часот, привремен прекин ќе има за дел од корисниците на улицата „Шидска“ во близина на менувачницата „Срна“.
- Населба Лисиче: од 09:00 до 14:00 часот, без струја ќе бидат дел од корисниците на улицата „Тодор Чангов“ кај број 30 и број 38.
- Населба Драчево: од 11:00 до 13:00 часот, привремено без струја ќе останат дел од корисниците на улицата „Ѓорѓи Динката“, во близина на основното училиште „Кузман Шапкарев“.
Од надлежните апелираат до граѓаните навреме да ги прилагодат своите активности, додека екипите ќе работат на изведување на планираните интервенции за подобрување на електродистрибутивната мрежа.


















