На два дена пред годишнината од трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани, Ана Костадиновска, придружен вокал во бендот ДНК, не може да ја сокрие болката и тагата по загубата на својата блиска пријателка Сара Пројковска.

Ана преживеа, но пожарот одзеде многу животи на нејзини соработници и пријатели, меѓу кои и Сара, која за Ана беше како сестра. Заедно настапувале на концертите на најпознатите македонски поп-музичари, заедно патувале и делеле и убави и тешки моменти од животот.

Откако ја изгуби Сара, Ана се врати на музиката која ѝ служи како терапија, но и понатаму секојдневно го чувствува празнината и мисли на блиските што ги загуби.

Неутешна, таа објави видео на социјалните мрежи составено од дваесетина фотки од неа и Сара, сликани низ годините, со песната „Тешко без тебе“ на Тамара Тодевска во позадина.
„Тешко без тебе. Една година“, напиша Ана, додавајќи емотикони со скршено срце и знак за бесконечно.
Во текот на изминатата година, Ана често објавувала фотографии и видеа од пријателите кои ги загубила, со што продолжува да го чува нивниот спомен и да оддава почит на животите што пожарот ги однел.

















