Пејачот Darko Lazić денес се простува од својот брат Dragan Lazić (32), кој трагично загина во сообраќајна несреќа со мотоцикл кај Šabac.
Пред погребот, од него со многу емотивни зборови се прости и неговата пријателка и колешка, пејачката Branka Milošević, која на социјалните мрежи сподели заедничка фотографија и потресна порака.
Во објавата таа откри дека со Драган имале блиско пријателство и често се расправале поради неговиот начин на живот и љубовта кон мотоциклите, за кои таа постојано го предупредувала.
„Мајмуне. Ми рече да не те викам така затоа што мајмунот е попаметен од тебе, а јас ти велев, ти зборував, те молев, ти се заканував... Се сакавме, се гушкавме, се каравме, се мразевме, се поддржувавме... Бевме како нокт и прст, а понекогаш далечни како два универзуми“, напиша таа.
Во продолжение на објавата, таа признава дека е гневна и скршена од болка поради неговата прерана смрт.
„Идиоту, лута сум, знаеш кога сум јас лута. Будало, секогаш ти велев – Бог ти дал сè, а само памет не... Не требаше вака. Ми вети дека ништо нема да ни се случи, дека сме неуништиви. Толку сум лута“, напиша Милошевиќ.
Несреќата во која загина Драган се случила на 11 март, а веста силно ја потресе јавноста и семејството на познатиот пејач. Дарко Лазиќ, придружуван од сопругата Катарина, пристигнал најпрво во домот на братот, а потоа и на местото каде што денес ќе биде погребан.
„Да го испратам мојот батко како што треба“, изјавил скршениот пејач пред српските медиуми.


















