ПРВ.мк
Наука/Технологија

ЕУ воведе строги правила за ChatGPT и Џемини – мора да откријат сè

ЕУ воведе строги правила за ChatGPT и Џемини – мора да откријат сè
Escape

Од денеска стапуваат на сила нови европски регулативи што ги принудуваат креаторите на вештачка интелигенција, како ChatGPT и Gemini, да откријат како точно функционираат нивните системи, со какви податоци се обучени и какви мерки преземаат за безбедност.

Новите правила се дел од Законот за вештачка интелигенција, усвоен минатата година, со кој ЕУ прва во светот воспостави законски рамки за контрола на ВИ модели за општа намена – системи што се користат за пишување текст, генерирање слики, превод, кодирање и уште многу други цели.

Особено напредните модели што може да претставуваат ризик за јавноста ќе мора детално да документираат и безбедносни протоколи. Дополнително, програмерите ќе мора да пријавуваат од каде им се податоците за обука – дали се автоматски собрани од интернет – и да покажат што презеле за заштита на авторските права.

Целта на законот е транспарентност, безбедност и почитување на интелектуалната сопственост – во време кога ВИ-технологијата станува дел од секојдневието.

Ask ChatGPT

Mia Home Mavrovo