ПРВ.мк
Македонија

Костосвски на терен - започна асфалтирањето во Скопје Север, инвестиција од 27 милиони денари

Костосвски на терен - започна асфалтирањето во Скопје Север, инвестиција од 27 милиони денари

Започнаа градежните активности за асфалтирање и реконструкција на улицата „Боро Менков“ во населбата Скопје Север, информира градоначалникот на Општина Бутел, Дарко Костовски.

Според најавата, работите се одвиваат со засилена динамика, а проектот опфаќа целосна реконструкција на главната улица во Скопје Север. Во рамки на зафатот се вклучени и паркинг-просторите, како и пешачките патеки, со цел подобрување на безбедноста и пристапноста за жителите.

Вредноста на проектот изнесува 27.000.000 денари, а од општината посочуваат дека со оваа инвестиција се заокружува влог од околу 1 милион евра во населбата Скопје Север.

Од Општина Бутел нагласуваат дека реализацијата на проектот е дел од пошироката програма за унапредување на локалната инфраструктура и исполнување на ветените проекти во сите населени места.