Доцна синоќа, околу 22:52 часот, во СВР Скопје е пријавено пукање на подрачјето на Чаир во Скопје.
Според информациите од полицијата, од патничко возило во движење биле испукани неколку куршуми. Среќа, нема повредени лица.
По преземените мерки, полицијата од местото на настанот подигнала вкупно осум чаури.
Се преземаат дополнителни мерки за целосно расчистување на случајот.


















