ПРВ.мк
Македонија

СКАНДАЛ ВО МВР: Главен пилот управувал полициски хеликоптер со фалсификувана дозвола!

СКАНДАЛ ВО МВР: Главен пилот управувал полициски хеликоптер со фалсификувана дозвола!
Kristal

Полициски инспектор од Министерството за внатрешни работи, за време на мандатот на поранешниот министер Оливер Спасовски, неколку години управувал полициски хеликоптер со фалсификувана дозвола. Според информациите, во тој период со хеликоптерот се превезувале и високи политичари и министри.

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР поднел кривична пријава против лицето, вработено како главен пилот во Одделот за воздухопловни единици, поради сомнение за „Фалсификување исправа“ по член 378 став 3 од Кривичниот законик.

Наводите велат дека, во периодот од 27 февруари до 10 април 2023 година, главниот пилот со намера да стекне овластување за инструктор на хеликоптери TRI BELL 206, впишал дека поседува овластување наводно стекнато во 2020 година, и тоа го користел како вистинито пред Управата за полициски специјалности во Словенија и пред Агенцијата за цивилно воздухопловство.

Случајот е доставен до надлежното обвинителство, кое ќе одлучи за понатамошниот тек на постапката.

SWM
Pharmanova
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo