Минималната плата во Северна Македонија ќе се зголеми за 1.667 денари во нето износ, согласно законското усогласување што се спроведува секоја година во март. Со тоа, од април работниците ќе добијат минимална плата од 26.046 денари.
Министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши, нагласи дека ова зголемување е резултат на законски утврдени критериуми во Законот за минимална плата:
– Ова е системско и законско решение кое предвидува зголемување на минималната плата според економските движења, со цел заштита на животниот стандард на работниците, истовремено водејќи сметка за економијата на државата, рече Дурмиши.


















