Попладнево во скопската населба Карпош се случи тежок и вознемирувачки настан во кој животот го загубија жена на околу 45-годишна возраст и девојче од приближно 10 години, информира 24инфо.
Според првичните сознанија, околу 14 часот на булеварот „Митрополит Теодосиј Гологанов“, двете лица паднале од балкон на шестиот кат од станбена зграда.
На местото веднаш пристигнала екипа на Итната медицинска помош, која по извршениот преглед констатирала смрт кај двете лица.
Полицијата и медицинските служби излегле на терен веднаш по пријавата, а во тек е увид со цел да се утврдат сите околности поврзани со случајот.
Надлежните институции работат на целосно расчистување на настанот, а повеќе информации се очекуваат по завршувањето на истрагата.


















