Градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев, оствари средба со амбасадорката на Соединетите Американски Држави во Македонија, Никол Варнс, при што беа разменети мислења за можностите за унапредување на соработката и развој на заеднички иницијативи од значење за локалната заедница.

Средбата претставува значаен чекор кон продлабочување на односите и отворање нови можности за партнерство во области што се важни за развојот на општината и подобрување на условите за живот на граѓаните.

Со вакви контакти и дипломатски средби, Општина Кавадарци ја потврдува својата отвореност за соработка, размена на искуства и градење нови врски кои можат да донесат конкретни придобивки за заедницата.











