ПРВ.мк
Магазин

Дали автомобилите ќе поевтинат?

Дали автомобилите ќе поевтинат?

Кина се претвора во вистинско бојно поле за автомобилската индустрија, каде што повеќе од 150 производители се борат за пазарот. Ова резултира со жестока ценовна конкуренција, големи попусти и неизвесност за тоа кој ќе преживее и кој ќе издржи подолго без сериозни профити.

Сличен тренд би можел да се прошири и во Европа, предупредува извршниот директор на Volvo Cars, Хокан Самуелсон. Тој истакнува дека, со оглед на големата понуда во споредба со побарувачката, кинеските компании кои ќе навлезат на европскиот пазар би можеле да предизвикаат значително намалување на цените:

„Да, веројатно можете да сметате на тоа. Постојат повеќе понуди отколку побарувачка. Тука во Европа постои голема можност да видиме многу нови кинески автомобили. Но, тоа можете да го комбинирате и со намалување на трошоците“, вели Самуелсон.

Жестоката конкуренција од Кина би можела да донесе исти ефекти како на домашниот пазар – почетно задоволство кај купувачите поради пониските цени, но и долгорочна неизвесност за европските производители. Компании како Volkswagen, Renault, Peugeot, Fiat, Škoda, но и Toyota, Hyundai и Kia, би можеле да бидат вовлечени во ценовна војна.

Со растот на кинески брендови како BYD, MG, Lepamotor на европскиот пазар, единственото сигурно е дека конкуренцијата ќе стане се пожестока, а иднината на цените на автомобилите останува неизвесна.