ПРВ.мк
Македонија

НОВО ПРАВИЛО: Со Б-категорија официјално можете да возите мотор до 125 кубици - eве од кога!

НОВО ПРАВИЛО: Со Б-категорија официјално можете да возите мотор до 125 кубици - eве од кога!

Собранието на Република Северна Македонија на вчерашната седница по скратена постапка го усвои Законот за дополнување на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, со што се овозможува нова категорија возење за љубителите на мотоцикли.

Со измените, лицата со возачка дозвола од Б категорија ќе можат да управуваат мотоцикли со зафатнина до 125 см³, под услов да имаат најмалку пет години возачко искуство, да бидат постари од 23 години и да ја поминат предвидената теоретска обука.

Законот ќе стапи на сила откако Министерството за внатрешни работи ќе ги пропише деталите за обуката и начинот на издавање потврди, со што официјално се отвора ново поглавје за сите кои сакаат да возат мали мотоцикли.

Предлог-законот беше поднесен од пратеничката група на ЗНАМ, со поддршка од мнозинството пратеници.

Според пропишаното, автошколите ќе издаваат дозволи за посета на четиричасовна обука за сообраќајни правила и прописи, а потврдите ќе бидат евидентирани во МВР. Со тоа, лицата со Б категорија ќе можат легално и без дополнителна категорија да управуваат мотоцикли до 125 см³.