Утрешниот ден носи сонце и високи температури, но попладне неочекувано – локални дождови и грмежи ќе го нарушат мирното време. Максималните температури ќе се движат меѓу 29 и 37 степени, а ќе дува слаб до умерен северен ветер.
Во Скопје ќе биде слично – претпладне сончево, попладне можна нестабилност со краткотраен дожд.
Но, вистинскиот топлотен бран пристигнува од понеделник – жештина над 35°C, а на некои места и до 40°C! Македонија влегува во една од најтоплите недели ова лето. Спремете се за врел почеток на работната седмица!