Денеска се очекува променливо облачно време со сончеви периоди, со услови на некои места за слаб снег.
Ќе дува умерен ветер, а долж Повардарието повремено засилен од северен правец.
- Минимална температура: од -1 до 6 °C
- Максимална температура: од 4 до 12 °C
Во Скопје, времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ветерот ќе дува умерен од северен правец.
- Минимална температура: 4 °C
- Максимална температура: 10 °C
Прогноза за викендот:
- Засилен северен ветер
- Утре можност за слаб снег
- Од недела се очекува стабилно време со повисоки дневни температури.

















