ПРВ.мк
Македонија

Овие вработени добија рекордно покачување на платите!

Овие вработени добија рекордно покачување на платите!

Вработените во државната администрација, судовите и правосудните органи, како и дел од работниците во приватниот сектор со колективни договори, овој месец добија значително покачување на платите, соопштија синдикатите.

Според Синдикатот на управата, правосудните органи и здруженија на граѓани (УПОЗ), околу 11 илјади вработени веќе добиле повисоки примања по потпишувањето на 60 колективни договори со институции од јавниот сектор. Платите се зголемени за дополнителни 7% покрај усогласувањето со Законот за минимална плата.

Претседателот на УПОЗ, Трпе Деаноски, истакнува дека покачувањата нема да застанат тука – административните службеници ќе добијат по 7% зголемување и во 2027 и 2028 година, што значи вкупен раст од околу 42–43% во следните две години.

Дополнително, дел од работниците во приватниот сектор веќе добиле покачувања од 5 до 8% зависно од договорот, а во поголемите компании речиси и да нема вработени кои примаат минимална плата.

Минималната плата во март беше зголемена за 1.667 денари и сега изнесува 26.046 денари. Професорот по трудово право, Лазар Јовевски, оценува дека реалното зголемување на платите оваа година достигнува околу 14%, а во следните две години вкупниот раст може да надмине 40%.