Вчера, во 15:13 часот, во СВР Скопје од Општата градска болница „Св. Наум Охридски“ е пријавено дека кај нив со повреди бил донесен П.Ѓ. (25) од Албанија.
Тој тврдел дека се повредил во сообраќајна несреќа пред неколку дена. Меѓутоа, лекарите при прегледот утврдиле дека станува збор за прострелна рана, а не за повреди од сообраќајка.
Полицијата презема мерки за целосно расчистување на случајот.

















