Учениците од прво до деветто одделение од новата учебна година ќе добијат учебници по странски јазици, потврди заменик-министерката за образование, Елизабета Јаневска.
– Со огромно задоволство – да, ќе има, одговори Јаневска на новинарско прашање дали учебниците ќе бидат подготвени навреме.
Според неа, веќе се донесени и одобрени учебници по англиски и германски јазик, што ќе бидат достапни за учениците на почетокот на новата учебна година – од 1 септември.
Ова е позитивна вест за наставниците, учениците и родителите, со оглед дека во изминатите години недостигот од учебници беше честа тема на критика.
Ask ChatGPT