ПРВ.мк
Македонија

Кавадарци вложува во побезбедни улици: Ќе бидат осветлени 20 пешачки премини низ градот

Кавадарци вложува во побезбедни улици: Ќе бидат осветлени 20 пешачки премини низ градот

Општина Кавадарци започна со реализација на нов проект насочен кон зголемување на безбедноста во сообраќајот, со кој ќе се осветлат вкупно 20 пешачки премини на повеќе фреквентни локации низ градот. За оваа намена се издвоени 1.000.000 денари, а целта е значително да се подобри видливоста и сигурноста на пешаците, особено во вечерните и ноќните часови.

Со проектот е предвидено осветлување на пет пешачки премини на улицата „Илинденска“, три на „Тиквешко Востание“, три на „7-ми Септември“, како и три кај кружниот тек кај сала „Партизан“. Ново осветлување ќе добијат и пешачки премини на улиците „Гоце Делчев“, „Народни Херои“ и „Страшо Пинџур“, како и на булеварот „Моша Пијаде“ и Западен булевар кај Капела.

Станува збор за локации кои досега биле недоволно осветлени, а со поставување современи LED светилки се очекува значително подобрување на условите за движење и поголема заштита за сите учесници во сообраќајот.

Оваа инвестиција е уште еден конкретен чекор во насока на создавање побезбедна и поуредена урбана средина, со директен ефект врз секојдневието на граѓаните.