ПРВ.мк
Македонија

Кавадарци со почит се поклони пред делото на Киро Крстев Атанасов–Страшо и Димче Мирчев

Кавадарци со почит се поклони пред делото на Киро Крстев Атанасов–Страшо и Димче Мирчев

Во Кавадарци денеска беа одбележани 82 години од загинувањето на народните херои Киро Крстев Атанасов–Страшо од Кавадарци и Димче Мирчев, личности чие дело и жртва остануваат длабоко врежани во историската меморија на градот и државата.

По тој повод, пред споменикот подигнат во чест на Киро Крстев Атанасов–Страшо, лоциран во паркот што го носи неговото име, беше положено свежо цвеќе како знак на почит и благодарност. Со достоинственото одбележување уште еднаш беше испратена пораката дека споменот за хероите кои се бореле за слободата не смее да избледи.

Во рамки на настанот, историчар од кавадаречкиот музеј одржа историски час, потсетувајќи на значењето на нивната борба, нивната жртва и улогата што ја имале во едно од најтешките, но и најсудбоносни времиња за македонскиот народ.

Со вакви чествувања, Кавадарци и понатаму го негува колективното сеќавање и им оддава заслужена почит на оние кои своите животи ги вградиле во темелите на слободата.