ПРВ.мк
Македонија

Кочани во спомени и болка - еве како се одбележива годишнината од немилосредната трагедија!

Кочани во спомени и болка - еве како се одбележива годишнината од немилосредната трагедија!
Kristal

По повод годишнината од трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани, кој се случи на 16 март 2025 година, денеска ќе се одржат верски и меморијални активности во чест на жртвите.

Со почеток од 8:00 часот во црквата „Св. великомаченик Георгиј“ ќе се одржи литургија, а во 9:30 часот е предвиден општ парастос за упокоените во пожарот. Чиноначалствуваат Неговото блаженство архиепископот охридски и македонски г. г. Стефан, како и митрополитот на Брегалничката епархија г. Иларион.

Во рамки на одбележувањето, утре се предвидени повеќе спортски и културни настани:

  • Рекреативна трка и велосипедска тура на релација Штип – Кочани во чест на загинатите.
  • Првиот меморијален планинарски марш „Ивона Антова и 63 ангели“ на релација Пониква.
  • Кошаркарски турнир меѓу повредените во трагедијата во спортската сала кај Гимназијата во Кочани.

Централното одбележување ќе се одржи на 16 март пред објектот „Пулс“ со настанот „Светлина што останува“, а во Паркот на револуцијата ќе биде поставена симболичната инсталација „63 бели столчиња – 63 животи“ и муралот „Ѕид на сеќавање“, посветен на жртвите.

Во пожарот што се случи на 16 март 2025 година во 02:35 часот, загинаа 63 млади лица, а над 200 беа повредени.

SWM
Pharmanova
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo