ПРВ.мк
Македонија

Добри вести за пациентите: Операциите на крајници се враќаат по 18 години - еве од кога!

Добри вести за пациентите: Операциите на крајници се враќаат по 18 години - еве од кога!
Kristal

По долг период од скоро дваесет години, хируршките сали на Одделението за уво, нос и грло во Општата болница во Охрид повторно се ставени во функција за операции на крајници.

Првата интервенција ја имаше шестгодишно дете, а операцијата беше изведена под строг надзор на врвни експерти од Скопје. Ова е значаен чекор за стотици семејства од Југозападниот регион, кои со години беа принудени да патуваат во други градови и да чекаат на долги листи за интервенции.

Со рестартирањето на овој оперативен дел, листите на чекање значително се скратуваат, а локалната здравствена услуга станува побрза и подостапна за пациентите од регионот.

Во меѓувреме, долгот на Општата болница во Охрид за година и пол е намален за еден милион евра, најмногу преку рационализирање на трошоците за медицински материјали и лекови.

Фондот за здравствено осигурување истакнува дека ликвидноста на болниците постепено се подобрува, а вкупниот долг на јавните здравствени установи во државата моментално изнесува под пет милијарди денари. Сепак, институциите продолжуваат да ја следат состојбата поради регистрирани неправилности и недоследности во работењето на одредени здравствени установи.

SWM
Pharmanova
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo