Миа Костова со најнови детали за здравствената состојба на Панчо од ДНК
Во првата детална изјава за состојбата на Панчо од ДНК, неговата долгогодишна пријателка Миа Костова откри дека иако физички е подобар, тој сè уште ја води најтешката, психичка битка по трагедијата во Кочани.
Според Костова, неговото физичко закрепнување оди во добар правец, но психолошката борба со траумата е она што сега е во преден план.
Долга борба со изгорениците и психичката траума
„Имам информација дека е многу подобар. Како и за сите повредени во Кочани, и за него ќе треба многу време за заздравување на изгорениците кои ги има на рацете, особено на едната рака“, изјави Миа. Таа додаде дека се надева оти тој добро се држи психички, бидејќи со него работи голем тим од психолози и психијатри, и дека наскоро треба да се очекува негово излегување од болница.