ПРВ.мк
Македонија

ОПАСНА БАКТЕРИЈА ВО ЧЕШМИТЕ: Забрането пиење вода во дури 8 села во Македонија – Пронајдена ешерихија коли!

ОПАСНА БАКТЕРИЈА ВО ЧЕШМИТЕ: Забрането пиење вода во дури 8 села во Македонија – Пронајдена ешерихија коли!

Алармантна состојба во охридскиот регион! Жителите на неколку села се соочуваат со сериозна закана по нивното здравје откако официјалните лабораториски анализи потврдија дека водата од локалните водоводи е целосно небезбедна за пиење.

Државниот инспекторат за храна донесе итна одлука за строга забрана за употреба на водата по откривањето на опасната бактерија ешерихија коли и фрапантниот факт дека во системите воопшто нема хлор за дезинфекција. Инспекцијата соопшти дека водата е забранета за пиење во следните населени места:

  • Свиништа, Куратица, Речица и Опеница (каде е потврдена ешерихија коли);
  • Завој, Вапила, Косел и Ливоишта (поради отсуство на хлор).

Надлежните апелираат до сите жители во овие региони да не ја конзумираат водата директно од чешма. Доколку немате друга алтернатива, задолжително е превривање на водата најмалку 30 до 40 минути пред каква било употреба.

Месните заедници добија итен налог под итно да обезбедат цистерни со безбедна вода за пиење додека не се изврши комплетна дезинфекција и повторно тестирање на мрежата. Бактеријата ешерихија коли може да предизвика тешки стомачни инфекции, дехидрација и други компликации, па затоа претпазливоста е на највисоко ниво.

Најнови вести