ПРВ.мк
Магазин

(ВИДЕО) Запросена најдобрата светска тенисерка - не го очекуваше ова!

(ВИДЕО) Запросена најдобрата светска тенисерка - не го очекуваше ова!
Kristal

Белорусинката Арина Сабаленка, моментално најдобрата светска тенисерка, беше изненадена со запросување од своето момче, Јоргос Франгулис, пред почетокот на мастерс турнирот во Индијан Велс.

Тој клекна со голем дијамантски прстен во момент кога Сабаленка носеше кежуал комбинација – фармерки, маичка, косата врзана во плетенка, а на нозете имаше апостолки.

Тенисерката веднаш го кажа „ДА“ и на Инстаграм објави фотографија од блескавиот прстен со порака: „Очигледно немав поим дека ова ќе се случи вечерва“. И двајцата објавија заедничко видео од моментот на запросувањето со натпис: „Ти и јас засекогаш“.

Меѓу оние кои им честитаа е и Новак Ѓоковиќ, добар пријател на Сабаленка, кој исто така често тренира со неа. Јоргос Франгулис е деловен партнер на Ѓоковиќ, сопственик на брендот „Оукбери“ и малцински сопственик на фудбалскиот клуб Ле Ман.

ВИДЕО

SWM
Pharmanova
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo