ПРВ.мк
Магазин

Нагла промена пред 8ми Март: Прво дожд и грмежи, па пресврт што ќе ги изненади сите!

Нагла промена пред 8ми Март: Прво дожд и грмежи, па пресврт што ќе ги изненади сите!
Kristal

Времето повторно подготвува пресврт. Според најавите на Управа за хидрометеоролошки работи, утре попладне нè очекува претежно облачно небо со повремен слаб дожд низ повеќе делови од земјата, а можно е и појава на ретки грмежи.

Ќе дува умерен, на моменти засилен ветер од северозападен правец, кој најсилно ќе се почувствува долж Повардарието. Температурите ќе останат во рамките на просекот за овој период, но чувството на свежина ќе биде поизразено поради ветерот.

Во главниот град, Скопје, се очекува облачно време со повремени слаби врнежи од дожд и слаб до умерен северен ветер.

Но вистинската промена доаѓа веднаш потоа. За време на викендот, вклучително и празничните денови, следува стабилизирање на времето. Под влијание на висок воздушен притисок, се очекува суво и постабилно време.

Во петок ќе продолжи да дува умерен северен ветер, а од викендот ветерот ќе го смени правецот и ќе биде слаб до умерен од југоисток. Тоа значи повеќе сончеви периоди и попријатни услови за прошетки и прослави на отворено.

Кратко невреме – па мирен празничен викенд.

SWM
Pharmanova
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo