ПРВ.мк
Магазин

ПРЕКРАСНА ВЕСТ: Родено бебе тешко 5,9 килограми – докторите во неверување!

ПРЕКРАСНА ВЕСТ: Родено бебе тешко 5,9 килограми – докторите во неверување!
Kristal

Во северниот дел на New York, во градот Ithaca, мајка роди бебе што веднаш стана вистинска сензација. Малечкиот Шон помладиот на свет дошол со неверојатни 5,9 килограми – речиси двојно повеќе од просечната тежина на новороденче.

Породувањето се случило на 31 јануари во Cayuga Medical Center, каде што веднаш било потврдено дека станува збор за најголемото бебе некогаш родено во оваа болница.

„Знаевме дека ќе биде големо, но не толку!“

Родителите Терика и Шон очекувале поголемо бебе, но бројките ги оставиле без зборови. „Не го очекувавме ова“, изјавила мајката, за која ова е четврто дете.

Интересен детал е што истиот ден во болницата се родила и малата Марго, со тежина од само 1,8 килограми – што создаде драматична и симболична споредба: две бебиња, ист ден, целосно различни големини.

Веќе носи облека за 3-6 месеци

Мајката се пошегувала дека чувството е како да добила веќе пораснато бебе. „Тој веќе носи пелени и облека за возраст од три до шест месеци“, рекла таа.

Болницата го прослави настанот со објава на социјалните мрежи, истакнувајќи дека секое раѓање е уникатно.

Колку е навистина големо ова бебе?

Иако 5,9 килограми звучат неверојатно, ова не е светски рекорд. Според Guinness World Records, најтешкото бебе во историјата било родено во Италија во 1955 година и тежело неверојатни 10 килограми.

Сепак, за медицинскиот тим во Итака ова раѓање останува историски момент – доказ дека природата секогаш може да изненади.

Едно е сигурно: малиот Шон уште од првиот ден покажа дека ќе биде – голем.

SWM
Pharmanova
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo