Драгоценоста на маченичкиот подвиг на христијанинот се мери според големината на богатството што го напушта и тежината на страдањето што го поднесува заради Христа. Свети Теодор, римски војвода и градоначалник на Хераклеја во времето на царот Ликиниј, ја презрел својата младост, убавина, висок чин и царска милост, и наместо тоа го прифатил страдањето заради верата.
Тој бил сурово мачен: прво биен, прими 600 удари по грбот и 500 по стомакот, потоа бил подигнат на крст и прободен со стрели, а на крајот убиен со меч. Сето тоа го издржал поради љубовта кон Христа, презирајќи ги сребрените и златни идоли, кои им ги раздал на сиромашните.
Свети Теодор повикал мнозина да поверуваат во Христа и дури го повикал и царот Ликиниј да се одрече од идолите. За време на мачењето непрестајно возвишено кажувал: „Слава Ти, Боже мој, слава Ти!“.
Пострада на 8 февруари 319 година, околу три часот попладне, и се пресели во Царството Христово. Неговите мошти биле пренесени од Евхаити во Цариград, каде биле погребани во црквата Влахерна.
Свети Теодор се смета за заштитник на војниците, кои го повикуваат на помош и во денешно време.

















