Во напад врз основното женско училиште „Шаџареја Тајабех“ во иранскиот град Минаб, провинцијата Хормозган, загинаа 85 ученички и членови на нивните семејства, а 92 лица се повредени, соопшти гувернерот Мохамад Ашури.
„Овој напад е страшно злосторство и повторно ја покажува неодговорноста на оние кои тврдат дека ги бранат човековите права, кршејќи ги сите меѓународни норми и напаѓајќи беспомошни цивили, наместо воени цели“, рече Ашури.
Нападот се случил околу 10:45 часот по локално време, а спасувачки екипи и доброволци продолжуваат со пребарување на урнатините во обид да најдат преживеани, пренесува Танјуг.


















