Пожар избувна денеска попладне во стан на четврти кат во зграда на улицата „Благој Јанков Мучето“ во Струмица, при што, за жал, едно лице го загуби животот. Противпожарната служба реагирала брзо, со три возила и седум пожарникари, кои успеале навреме да го локализираат пожарот и да ги заштитат останатите станови.
Сите други станари се успешно евакуирани и се надвор од животна опасност, информираат од ТППЕ Струмица.
На терен веднаш излегле инспектори за пожари, припадници на полицијата и јавен обвинител од ОЈО Струмица, кои работат на утврдување на причините за несреќата.
Ask ChatGPT