Попладнево Охридското Езеро беше сведок на нова трагедија. Кај познатиот АС камп во Струга, животот го загуби маж на возраст од околу 40 години. Според очевидци, тој запливал во езерото, но подоцна не се вратил на брегот.
Загрижените капачи брзо реагирале, а мажот бил извлечен од водата и веднаш започнала реанимација. Присутните, заедно со пристигнатата медицинска екипа, се обиделе да го спасат, но безуспешно – лекарите само ја констатирале смртта.
Причината за давењето сè уште не е позната, а надлежните органи спроведуваат истрага. Настанот ја вознемири јавноста и уште еднаш ја потенцира потребата од постојано присуство на спасувачи и поголема внимателност на капалиштата.
Ask ChatGPT