ПРВ.мк
Црна Хроника

СТРАШНА ТРАГЕДИЈА: Автобус полн со патници излета во провалија во омиленото летувалиште на многу Македонци – има и мртви!

СТРАШНА ТРАГЕДИЈА: Автобус полн со патници излета во провалија во омиленото летувалиште на многу Македонци – има и мртви!
Kristal

Тешка сообраќајна несреќа ја потресе Турција, откако патнички автобус кој сообраќал на релација од Текирдаг кон Анталија излетал од патот и се превртел, при што животот го загубиле најмалку осум лица, а уште 26 се здобиле со повреди од различен степен.

Несреќата се случила кога возачот на автобусот не успеал безбедно да помине низ остра кривина, по што возилото излетало од коловозот и завршило во канал покрај патот. Во автобусот во моментот на несреќата се превезувале вкупно 34 патници.

На местото веднаш биле испратени бројни полициски, медицински и противпожарни екипи. Според извештаите на турските медиуми, меѓу кои и ТРТ Хабер, сцената изгледала исклучително драматично и наликувала на воена зона, поради тежината на ударот и состојбата во која се наоѓал автобусот.

Гувернерот на Анталија, Хулуси Сахин, соопшти дека несреќата се случила во 10:20 часот по локално време. Тој потврди дека осум лица починале на лице место или подоцна од здобиените повреди, додека сите повредени патници биле итно транспортирани во блиските болници, каде што им е укажана медицинска помош.

Надлежните служби спроведуваат истрага за да се утврдат сите околности и причини што довеле до оваа трагична несреќа, која повторно го отвори прашањето за безбедноста на патниот сообраќај на фреквентните туристички рути во Турција.

FixCredit
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo

Најнови вести

Escape
Mia Home Mavrovo
Escape